По повод 7 април- Светскиот ден на здравјето
ПО СЕДМИ ПАТ “ДОКТОРИТЕ НИЗ УМЕТНОСТА”
Како по традиција и оваа година докторите ќе го одбележат Светскиот ден на здравјето. Докторите и овој пат пред верната публика, нивните колеги, ќе се претстават со нивните вештини во областа на уметноста- музицирањето, пеењето и творештвото во музиката и литературата.





