КВАЛИТЕТ И РЕАЛНО ВРЕДНУВАЊЕ НА ТРУДОТ
Членовите на Собранието го прифатија и предлогот на докторите од Здравствениот дом Скопје во рамките на Комисијата за реформи на здравствениот систем да се формира работна група за примарна здравствена заштита составена од доктори од државниот сектор.
По уводните напомени на претседателот на Комората д-р Алексеј Дума и обемната, неколкучасовна дискусија членовите на Собранието едногласно го усвоија Извештајот за работата на Комората за периодот од јуни минатата до јуни оваа година.
Пред членовите на Собранието извештај за годинешните случувања околу предлог измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита, поднесе потпретседателот д-р Мидораг Милутиновиќ. Тој зборуваше и за ангажманот на дел од членовите на Комората за подготовка на драфт документите, кои како подзаконски акти треба да произлезат по усвојувањето на дополнетиот и изменет текст на Законот за здравствена заштита.
Во рамките на третата точка на дневниот ред информација за Деветтиот симпозиум на коморите од централна и источна Европа, што се одржа во Скопје, поднесе потпретседателот д-р Магдалена Жантева.