По повод 7 април- Светскиот ден на здравјето
ПО СЕДМИ ПАТ “ДОКТОРИТЕ НИЗ УМЕТНОСТА”
Одлука за одржување на годинешната манифестација донесе Извршниот одбор на Лекарската комора на Македонија. Деновиве се очекува да заседава организациониот комитет кој треба да се погрижи за се да помине во најдобар ред.
Оваа година, според најавите, треба да се одржи во Универзалната сала. Можно е годинешната манифестација да прерасне во меѓународна. Според искажувањето на поединци веќе се направени првите контакти во манифестацијата со своето учество да ја збогатат и лекари од странство, претежно од земји во регионот.