МАКЕДОНИЈА ДОМАЌИН НА ISMUS 2004
На последниот Конгрес на Меѓународното здружение за ултразвук на мускулно скелетниот систем (ISMUS) професор д-р Анастасика Поповска беше избрана за претседател во наредните две години.
На последниот Конгрес на Меѓународното здружение за ултразвук на мускулно скелетниот систем (ISMUS) професор д-р Анастасика Поповска беше избрана за претседател во наредните две години.
Македонското лекарско друштво објави дека во Охрид од 4 до 7 јуни оваа година ќе се одржи XVI конгрес на лекарите и стоматолозите на Македонија. Според програмата главни теми на Конгресот ќе бидат анемиите; ургентните состојби во медицината и стоматологијата; фактори на ризик во медицината и стоматологијата и судско медицинска експертиза во правната постапка. На крајот е оставен простор и за слободни теми.
На втори април, среда, 2003 година ќе се одржи редовното Годишно собрание на Здружението на приватните лекари на Македонија. Собранието ќе се одржи во просториите на Скопскиот саем во Тркалезната сала со почеток во 12 часот.
Од Македонската асоцијација за историја на медицината е испратено првото известување за Првиот балкански конгрес за историја на медицината. Организациониот одбор на Конгресот ги посочува и тематските области за кои ќе се расправа. Според роковникот, рокот за пријавување беше 15 февруари 2003 година. Известувањето за прифаќање на учеството и начинот на излагањето ќе биде на 15 март 2003.
Од 20 до 23 мај 2003 година во Ќелн ќе се одржи редовното 106 Собрание на Лекарската комора на Германија. По правило Лекарската комора на Германија како гости поканува и претставник на Лекарската комора на Македонија.
Фондацијата Сорос во соработка со Школата за јавно здравство во Дебрецин, Унгарија, организира постдипломски студии од областа на јавното здравство. За оваа цел ФИООМ распиша конкурс. Во прилог ви ја пренесуваме и апликацијата која треба да ја пополнат сите заинтересирани. Рокот за пријавување е 15 јуни.
Најдоцна до 15 февруари треба да бидат предложени можните кандидати за добивање на наградата “Св. Наум Охридски”. Тоа можат да го сторат општинските организации на Лекарската комора на Македонија. Конкурсот е распишан на 15 јануари 2003 година во “Утрински весник”. Минатогодишен носител на лауреатот беше д-р Климентија Матоски од Струга.
Со скромна свеченост на 17 декември беше одбележата десет годишнината од излегувањето на “Билтен”, сега "Vox medici", гласило на Лекарската комора на Македонија. На собирот присуствуваа поголем број активисти, досегашните членови на Уредувачкиот одбор, претставници на фармацевтските куќи кои соработуваат со списанието, соработници и колеги од македонските медиуми кои пишуваат за здравството. На собирот говореа претседателот на Лекарската комора на Македонија д-р Алексеј Дума и главниот и одговор
На дневен ред на 26-та седница на Извршниот одбор на Лекарската комора на Македонија беа повеќе прашања од тековната работа на Комората. Меѓу другото на седницата членовите на Извршниот одбор беа информирани за добиениот гранд за финансиска помош од ФИОМ во врска со реализацијата на започнатиот процес за реформи во здравството.
По одлуката на Собранието на Лекарската комора на Македонија што се одржа во октомври минатата година во Скопје е конституиран Етички комтет. Се одржаа две седници. На првата се избрани двајца потпретседатели- д-р Илир Љума и д-р Златко Васков. Договорени се и наредните активности на Комитетот.
Заради деакумулација на функциите д-р Никола Силјановски, во меѓувреме кандидат за директор на Клиниката за хематологија, поднесе оставка од функцијата член на Управниот одбор на Фондот за здравствено сигурување. На последната седница на Извршниот одбор наместо д-р Никола Силјановски беше одлучено за нов член на Управниот одбор да беше предложен д-р Сташо Наумоски од Прилеп, претседател на Собранието на Лекарската комора на Македонија.
Како по традиција и оваа година докторите ќе го одбележат Светскиот ден на здравјето. Докторите и овој пат пред верната публика, нивните колеги, ќе се претстават со нивните вештини во областа на уметноста- музицирањето, пеењето и творештвото во музиката и литературата.
Веб сајтот користи колачиња за оптимизирање на работата согласно нашата Политика за колачиња