ЛЕКАРСКАТА КОМОРА И ОФИЦИЈАЛНО ЧЛЕНКА НА ЕФМА
На последното заседание на ЕФМА од 14 до 18 април во Дубровник Лекарската комора на Македонија и официјално стана членка на оваа престижна организација. Членови на Европскиот форум на медицински асоцијации заедно со Лекарската комора на Македонија станаа и докторските асоцијации на Албанија, на Кипар и на Русија.





