Членски картички
По запишување во Регистарот на доктори, членовите на Комората добиваат членска картичка.
Покрај основната намена за потврда на членство во Лекарската комора, докторите на медицина ќе ги користат картичките и во процесот на континуираната медицинска едукација за евиденција на посетата на организирани КМЕ настани.
Со покажување на картичката може да се користат и поволностите за попуст и поволност кај коминтентите со кои Лекарската комора има склучено договор.
Потребни документи за издавање на членска карта:
- Барање за издавање на членска карта;
- Фотографија - за повеќе информации на овој линк.
Трошокот за првото издавање и фотографирање за членска картичка е на товар на Лекарската комора. Во случај на губење или оштетување на членската картичка, надоместокот за нејзино повторно издавање изнесува 300 денари.
- Членување во ЛК
- Приправнички стаж
- Стручен испит
- Регистар на доктори
- Лиценци
- Членарина
- Членски карти
- Поволности за членови
Настани
/upload/records/952/20240708_072611_LKM broj 123-small-b.pdf