Лиценци за работа
Лиценца за работа е јавна исправа која ја докажува стручната обученост за самостојна работа на докторот на медицина. Докторите на медицина во Република Северна Македонија мора да поседуваат соодветна лиценца за работа, во зависност од видот на здравствената дејност која ја вршат, односно специјалност/супспецијалност.
Лиценцата за работа се издава за период од седум години.
Издавањето, обновувањето, продолжувањето и одземањето на лиценцата за работа на докторите на медицина го врши Лекарската комора согласно Правилник за издавање, продолжување, обновување и одземање на лиценца за работа на здравствени работници од областа на медицината.
Висината на трошоците за издавање, обновување и продолжување на лиценцата за работа на докторите на медицина се пропишани со Правилникот за висината на трошоците за издавање, продолжување и обновување на лиценцата за работа.
Издавање на лиценца за работа
Лиценца за работа во примарна здравствена заштита
Доктор на медицина може да се стекне со лиценца за работа во примарна здравствена заштита доколку има завршено соодветно образование од областа на медицината, извршена пробна работа и положен стручен испит.
Потребни документи:
- Барање за издавање лиценца за работа;
- Пријава за упис во Регистар на доктори;
- Диплома/уверение за завршен медицински факултет - копија заверена на нотар;
- Уверение за положен стручен испит - оригинал или копија заверена на нотар;
- Уверение за државјанство - оригинал или копија заверена на нотар;
- Уплата за издавање на лиценца за работа.
Лиценца за работа во гранка на специјализација или супспецијализација
Доктор на медицина кој поседува лиценца за работа од примарна здравствена заштита, по завршување на специјализација, односно супспецијализација, може да се стекне со лиценца за работа во соодветната гранка на специјализацијата, односно супспецијализацијата.
Потребни документи:
- Барање за издавање лиценца за работа
- Пријава за упис во Pегистар на доктори
- Доказ за завршена специјализација, односно субспецијализација
- Доказ за редовна уплата на членарина
- Уплата за издавање на Лиценца за работа
Лиценца за работа за доктор на медицина со завршено високо образование, извршена пробна работа и стручен испит положен во странство
Доктор на медицина со завршено високо образование, извршена пробна работа и положен стручен испит во странство може да се стекне со лиценца за работа доколку има нострифицирана диплома за завршено соодветно образование издадено од Министерство за образование и Решение за признавање на пробна работа и положен стручен испит во странство издадено од Лекарската комора на РСМ.
Потребни документи:
- Барање за издавање на лиценца за работа;
- Пријава за упис во Регистар на доктори;
- Диплома за завршен медицински факултет - копија заверена на нотар;
- Диплома за завршен медицински факултет - превод на македонски јазик од овластен судски преведувач заверена на нотар;
- Одлука/Решение за признавање на диплома за завршен медицински факултет од Министерството за образование и наука на РСМ - копија заверена на нотар;
- Уверение за државјанство – оригинал или копија заверена на нотар;
- Решение за признаена пробна работа и стручен испит во странство, издадено од Лекарска комора на РСМ - оригинал или копија заверена на нотар;
- Уплата за издавање на лиценца за работа.
Доколку кандидатот има завршено специјализација, односно супспецијализација во странство, за издавање на лиценца за работа во соодветната гранка на специјализација, односно супспецијализација, треба да достави и:
- Решение за признаена специјализација, односно супспецијализација издадено од Министерство за здравство на РСМ - копија заверена на нотар
- Доказ за положен специјалистички, односно супспецијалистички испит во странство - копија заверена на нотар
- Доказ за положен специјалистички, односно супспецијалистички испит во странство - превод на македонски јазик од овластен судски преведувач заверен на нотар.
Доколку кандидатот поседува лиценца за работа издадена во странство, покрај горенаведените документи, треба да достави и:
- Лиценца за работа издадена од соодветна комора од земјата во која е стекната - копија заверена на нотар;
- Лиценца за работа издадена од соодветна комора од земјата во која е стекната - превод на македонски јазик од овластен судски преведувач заверен на нотар;
- Препорака од комората во која членувал.
Времена лиценца за работа за странски државјани
Времена лиценца за работа за вработување
Здравствен работник со високо образование од областа на медицината - странски државјанин, може да се стекне со лиценца за работа, ако покрај општите услови утврдени со прописите за движење, престој и вработување на странци, ги исполнува и условите утврдени со Законот за здравствена заштита за државјани на Република Северна Македонија кои образованието го завршиле во странство и доколку заврши дополнителна обука и проверка на стручните знаења и способности, согласно Програмата за дополнителна обука и проверка на стручните знаења и способности на Лекарската комора на Република Северна Македонија.
Здравствен работник со високо образование од областа на медицината - странски државјанин, кој врши здравствена дејност во Република Северна Македонија, мора да го владее македонскиот јазик.
Здравствен работник со високо образование кој се стекнал со квалификации во земјите членки на Европската унија или во Швајцарија, Норвешка, Канада, Јапонија, Израел, Турција, Русија или САД, не поминува дополнителна обука и проверка на стручните знаења и способности.
Потребни документи:
- Барање за издавање времена лиценца за работа - за вработување;
- Пријава за упис во Регистар на доктори;
- Диплома за завршен медицински факултет - копија заверена на нотар;
- Дипломата за завршен медицински факултет - превод на македонски јазик од овластен судски преведувач заверен на нотар;
- Одлука/Решение за признавање на диплома за завршен медицински факултет од Министерството за образование и наука на РСМ - копија заверена на нотар;
- Доказ за положен или признаен стручен испит – оригинал или копија заверена на нотар;
- Потврда за познавање македонски јазик од овластена образовна установа;
- Дозвола за одобрен престој во РСМ издадена од надлежен државен орган - оригинал или копија заверена на нотар;
- Дозвола за работа издадена од надлежен државен орган - оригинал или копија заверена на нотар;
- Потврда за работно искуство;
- Препорака од комората во која членувал
- Уверение од завршена обука и проверка на стручни знаења и способности за издавање на лиценца за работа;
- Уплата за издавање на лиценца за работа за странски државјанин.
Доколку докторот на медицина - странски државјанин има завршено специјализација, односно супспецијализација во странство, треба да достави и:
- Решение за признаена специјализација, односно супспецијализација издадено од Министерство за здравство на РСМ - копија заверена на нотар;
- Доказ за положен специјалистички односно супспецијалистички испит во странство - копија заверена на нотар;
- Доказ за положен специјалистички односно супспецијалистички испит во странство - превод на македонски јазик од овластен судски преведувач заверен на нотар.
Времена лиценца за работа за едукативни цели
На доктор на медицина, специјалист, односно супспецијалист од државите членки на ОЕЦД или македонски државјанин кој работел најмалку пет години непрекинато во здравствени установи, односно високообразовни установи од областа на медицината во државите членки на ОЕЦД, како и раководно лице во здравствени установи во државите членки на ОЕЦД со кој, согласно прописите од областа на медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина е склучен договор за вршење на медицинска дејност како здравствен работник, со цел за унапредување на вештините и знаењата на докторите на медицина, односно на специјалистите и супспецијалистите во здравствените установи во Република Северна Македонија преку пренос на вештини и знаења од областа на медицината и работењето во здравствените установи, Комората му издава времена лиценца за работа.
Лиценцата за работа се издава на барање на здравствената установа каде стручњакот ќе ја врши времено здравствената дејност.
Потребни документи:
- Барање за издавање на времена лиценца за работа за едукативни цели;
- Стручна биографија – преведена на македонски јазик;
- Детален опис на целите и времетраењето на престојот на стручњакот;
- Лиценца за работа издадена од земјата од која доаѓа - превод на македонски јазик од овластен судски преведувач заверен на нотар;
- Изјава од здравствената установа која го ангажира докторот за преземање на одговорноста за овозможување на соодветна здравствена заштита на пациентите по заминувањето на поканетиот стручњак;
- Согласност од соодветното стручно здружение;
- Уплата за издавање лиценца за работа за странски државјанин.
Обновување на лиценца за работа
Лиценцата за работа се издава за период од седум години. Барањето за обновување на лиценцата за работа се поднесува најмалку 30 дена пред истекот на важноста на лиценцата за работа. На доктор на медицина може да му се обнови лиценцата за работа ако:
- Во периодот на важноста на лиценцата со континуирано стручно усовршување, преку следење на новини во медицината и унапредување на сопственото знаење, се стекнал со соодветен број бодови (најмалку 20 годишно);
- Најмалку 60% од времето на важноста на лиценцата за работа, работел во дејноста за која стекнал лиценца за работа.
Потребни документи:
- Барање за обновување на лиценца за работа;
- Доказ (сертификати) дека во периодот на важноста на лиценцата за работа се стекнале со бодови, согласно критериумите пропишани со Правилникот за стручното усовршување на Комората;
- Доказ за работа во дејноста: потврда од АВРСМ за движење во службата или од Фондот на ПИОСМ или потврда од персоналната служба од јавна здравствена установа;
- Потврди за платени членарини;
- Уплата за обновување на лиценцата.
Обновување на лиценцата за работа на доктор на медицина избран или именуван на јавна функција
Доктор на медицина избран или именуван на јавна функција, времето поминато во вршење на функцијата не му се засметува во времето на важноста на лиценцата за работа. Здравствениот работник доставува документ од соодветна институција дека е избран или именуван на јавна функција во којшто задолжително треба да е наведен и периодот во кој здравствениот работник бил вршител на јавна функција.
Продожување на лиценца за работа
Согласно Законот за здравствена заштита, на докторот на медицина кој не ги исполнува условите за обновување на лиценцата, може времено да му се продолжи лиценцата за работа за следните шест месеци, под услов во овој период успешно да заврши дополнителна обука и проверка на стручните знаења и способности, согласно Програмата за дополнителна обука и проверка на стручните знаења и способности на Комората.
Потребни документи:
Повторно стекнување со лиценца за работа
Доктор на медицина кој не ја обновил или продолжил лиценцата за работа во законски предвидените рокови, повторно може да се стекне со лиценца за работа ако помине дополнителна обука и успешно ја заврши дополнителната посебна проверка на стручните знаења и способности пред испитна комисија на Комората.
Потребни документи:
- Издавање лиценца за работа
- Лиценца за работа во Примарна здравствена заштита
- Лиценца за работа во гранка на специјализација или супспецијализација
- Лиценца за работа за доктор на медицина со завршено високо образование, извршена пробна работа и положен стручен испит во странство
- Времена лиценца за работа за странски државјани
- Обновување на лиценца за работа
- Продожување на лиценца за работа
- Повторно стекнување со лиценца за работа