Избори за органите и телата на Комората на 6 април 2017 година
Собранието на ЛКМ кое се одржа на 23.2.2017 година, на седницата го усвои и Извештајот за работата на Комората за изминатиов период, донесе Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Лекарската комора на Македонија, текстот на Предлог Законот за докторска дејност, правилници на Комората кои што произлегуваат од јавните овластувања согласно Законот за здравствена заштита како и деловници за работа на Извршниот одбор.





