Во “МојТермин” се воведуваат два нови упати - „Итен 24“ и „Упат без термин“
Најзначајната новина која се воведува се два нови упати, од кои првиот тип е „Итен 24“, кој ќе се издава доколку лекарот кој врши преглед утврди дека пациентот заради неговата состојба (животозагрозувачка/итна состојба) е неопходно да биде прегледан од специјалист, односно супспецијалист или да му биде извршена одредена дијагностичка процедура во рок од 24 часа.





