ПРВИ НОСТРИФИКАЦИИ НА СТРУЧНИОТ ИСПИТ
Во рамките на јавните овластувања во иднина во Лекарската комора на Република Македонија ќе се нострифицираат стручните испити за студентите што ги полагале во странство и ќе почне полагањето на стручниот испит за докторите што дипломирале на Медицински факултет во Скопје. Деновиве неколку доктори кои стручниот испит го положиле во странство во Лекарската комора на Република Македонија полагаа дополнително дел од стручниот испит според програмата што важи во нашата држава.