ИЗВЕШТАЈ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПРОФ. Д-Р ВЛАДИМИР БОРОЗАНОВ
За помалку од една година при остварувањето на функцијата на Лекарската комора активно беа вклучени сите нови состави на органите и телата, почнувајќи од Извршниот одбор, Комисијата за етички и правни прашања, Комисијата за стручни прашања, Комисијата за економско- социјални прашања, Комисијата за приватно здравство, Комисијата за доделување на наградата „Св.Наум Охридски“, Уредувачкиот одбор и Комисијата за следење на реформите во здравството.