Преговори со Фондот за здравствено осигурување за договорите за ПЗЗ
Нови договори за 2020 година со кои ќе се регулира плаќањето на здравствените услуги во примарната здравствена заштита (општа медицина и гинекологија), специјалистичко-консултативна здравствена заштита, како и плаќањето на лабораториските испитувања во специјалистичко-консултативна здравствена заштита по упат од избран лекар.
Лекарската комора со докторите од Кичево и Струга
Докторите побараа од Комората поголем ангажман за подобрување на статусот на докторите. Ги искажаа и проблемите со кои се соочуваат во функционирањето и работењето на ИМП во Кичево поради недостаток на доктори
Покана за стручна активност
Имаме чест да Ве поканиме да присуствувате на стручната активност "Вештини на комуникација на доктори со пациенти и нивните семејства"
“International Medis awards” 2019 за д-р Тања Николова
Фармацевтската куќа “Медис” со гала свеченост на 5 ноември во Љубљана, Словенија одбележа 30 години од основањето и ги додели традиционалните награди “International Medis awards”
Повик за планинарење
Спортскиот клуб на Лекарската комора на Македонија организира планинарска тура на ден 19.10.2019 година ( сабота ) по падините на Пелистер-Битола.
ЛКМ на Симпозиум на ZEVA во Будимпешта
Делегацијата на Лекарската комора на Македонија предводена од Претседателката доц. д-р Калина Гривчева Старделова, д-р Џабир Бајрами претседател на Собранието на Комората и д-р Илберт Адеми член на Извршниот одбор на Комората присуствува на 26 -от Симпозиум на ЗЕВА во Будимпешта, Унгарија
Предлог - текст за изменување и дополнување на Статутот на ЛКМ
Извршниот одбор на Лекарската комора на Македонија на последната седница одржана на 12.09.2019 година, го утврди текстот на статутарната Одлука за изменување и дополнување на Статутот на Лекарската комора на Македонија
Лекарската комора на Македонија најостро го осудува нападот на доктор во Тетовската болница
Лекарската комора на Македонија најостро го осудува последниот инцидент во Клиничка болница во Тетово во кој, денес во претпладневните часови, родител на пациент нападна и со удари во главата повреди доктор на Одделението за дерматовенерологија
Лекарската комора на Македонија ги поддржува измените и дополнувањата во Законот за здравствена заштита
Лекарската комора на Македонија ги поддржува измените во Законот за здравствена заштита за кои, цениме, дека имаат за цел да се обезбеди подобра здравствена заштита и поквалитетни услуги, а на млaдите колеги им овозможува нормални услови за специјализација и нивна стручна надградба
International MEDIS AWARDS 2019 година за medical research
Словенечката фармацевтска куќа “Medis” ги повикува за пријавување и учество лекарите и фармацевтите од областа на гастроентерохепатологијата, гинекологијата, интензивната нега (и анестезиологијата), неврологијата, офталмологијата, педијатријата, пулмлогијата (и алергологијата), ревматологијата и фармацијата на International MEDIS AWARDS 2019 година за medical research.
Соопштение за воведување на летно работно време на Стручната служба на ЛКМ
Новото работно време на Лекарската комора на Македонија, ќе биде од 07,30 до 15 часот, наместо од 8 до 16 часот со примена од 03.07.2019 година, и ќе продолжи во текот на летниот период.