НОСТРИФИКАЦИЈА НА СТРУЧНИОТ ИСПИТ
Сите пријавени кандидати до 16 март оваа година, кои студиите ги завршиле во странство, на 27 април полагајќи дел од стручниот испит ќе се здобијат со Основна лиценца на Лекарската комора на Република Македонија. Испитот ќе се одржи во амфитеатарот на Институтот за судска медицина во Скопје со почеток во 10 часот.