ПРИПРАВНИЧКИ СТАЖ
Докторите на медицина по завршениот Медицински факултет пред полагањето на стручниот испит се должни да го поминат приправничкиот стаж. Во продолжение објавуваме дел од Правилникот за планот и програмата за приправнички стаж.
Докторите на медицина по завршениот Медицински факултет пред полагањето на стручниот испит се должни да го поминат приправничкиот стаж. Во продолжение објавуваме дел од Правилникот за планот и програмата за приправнички стаж.
Во организација на Лекарската комора на Република Македонија и Фондот за здравствено осигурување на 7 октомври во Скопје се одржа советување за спроведување на упатството за имплементација на пакети на завршени епизоди на лекување во специјалистичко-консултативната здравствена заштита.
Стручниот испит во декемврискиот испитен рок ќе се одржи од 30 ноември до 4 декември 2009 година. Пријавувањето на испитот ќе биде од 9 до 13 ноември. Испитот ќе се полага на 30 ноември,3 и 4 декември.
Септемвриската испитна сесија на стручниот испит се одржа на 28 септември, 1 и 2 октомври. За полагање на државниот испит се пријавија 98 кандидати. Од нив стручниот испит го положија вкупно 94 кандидати. Сите што успешно го завршија стручниот испит треба да аплицираат за добивање работна лиценца.
Универзитетскиот сенат на седницата од 29 септември ја потврди одлуката на ректорот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” и го избра проф. д-р Никола Јанкуловски за декан на Медицинскиот факултет за периодот од 2009 до 2013 година. Претходно на 22 септември 2009 година проф. д-р Јанкуловски, Наставно-научниот совет на Факултетот го утврди за единствен кандидат за декан. Инаку од први април 2009 година проф. д-р Никола Јанкуловски од ректорот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” е назначен за
Во “Службен весник на Република Македонија” број 69 од 4 јуни 2009 година беа објавени измените дополнувањата на три правилника што поконкретно ги утврдуваат јавните овластувања на Лекарската комора на Република Македонија. Во одделот подзаконски акти ги ојавуваме прочистените текстови на правилниците.
На 2 јуни во Скопје беше промовиран Комитетот за унапредување на здравствениот систем на Република Македонија. Во Комитетот, покрај номинирани претставници од здруженијата, членуваат и експерти од областа на економијата, правото и здравствениот менаџмент. Лекарската комора на Република Македонија во Комитетот ја претставува проф. д-р Перко Колевски.
Стручниот испит во септемврискиот испитен рок ќе се одржи од 28 септември до 2 октомври 2009 година. Пријавувањето за испитот ќе биде од 24 до 28 август 2009 година. Испитот се полага три дена на 28 септември и на 1 и 2 октомври.
Докторите на медицина по завршениот Медицински факултет пред полагањето на стручниот испит се должни да го поминат приправничкиот стаж. Во продолжение објавуваме дел од Правилникот за планот и програмата за приправнички стаж.
Сертификатите што ги добивате од континуираната медицинска едукација до Лекарската комора можете да ги испраќате и по пошта. Сертификатите што се испраќаат по факс нема да се земаат предвид. Сите оние што ќе се одлучат сертификатите да ги испраќаат по пошта задолжително со нив треба да биде пополнето и потпишано Барање за одобрување и категоризација на облиците на стручното усовршување од страна на доктори на медицина.
Веб сајтот користи колачиња за оптимизирање на работата согласно нашата Политика за колачиња

