22.11.2023
22.11.2023
Известување за полагање на стручен испит во декември
Продолжен рокот за пријавувањето до 05.12.2023 година
Лекарската комора на Република Северна Македонија ги информира сите заинтересирани доктори на медицина дека пријавувањето за полагање на стручен испит за декемвриската испитната сесија ќе почне на 27.11.2023 година и ќе трае до 05.12.2023 година.
Според Календарот за полагање на стручен испит пријавувањето за полагање требаше да заврши на 01.12.2023 година. Продолжувањето е направено со цел да се надомести периодот што се губи заради неработните денови утврдени со заклучоци донесени на 199 седница на Влада, а се однесуваат на 29.11.2023 и 30.11.2023 година.
Повеќе информации за пријавувањето за полагање на стручен испит може да најдете на следниот линк.