Јавен повик за испитувачи за стручен испит
Лекарската комора на Република Северна Македонија го спроведува стручниот испит на здравствени работници со високо образование за добивање на лиценца за работа.
Согласно Правилникот за стручниот испит на докторите на медицина и за издавање на лиценца за спроведување на стручниот испит се формираат комисии. За таа цел, Комората е потребно да оформи списоци за испитувачи од кои се формираат комисиите пред кои докторите на медицина го полагаат стручниот испит.
Списокот за акредитирани испитувачи е потребно да биде составен од следните области на медицината: примарна здравствена заштита, педијатрија, хирургија со анестезија, интерна медицина, гинекологија и акушерство. Испитувачите се акредитирани за период од две години.
Критериумите што треба да ги исполнат докторите – испитувачи за полагање на стручниот испит се:
1.Лиценца за работа издадена од Лекарската комора на Република Северна Македонија;
2.Доказ за тимска работа - приложена потврда за учество во:
- проекти,
- стручни/или научни колегиуми, односно одбори во институции или
- здруженија, одбори на конгреси, симпозиуми и други форми на стручно или научно усовршување;
3.Доказ за искуство во настава и/или оценување
За докторите на медицина кои немаат завршено специјализација потребно е да достават доказ дека имаат искуство од минимум седум години работа во струката.
Во составот на комисиите, покрај докторите на медицина, членови се и правници. За таа цел, Комората акредитира правници кои се членови на испитните комисии и оформува список на правници - испитувачи.
Критериумите што треба да ги исполнат членовите на испитни комисии кои се правници се:
- Најмалку пет години работно искуство во областа на здравството е услов;
- Потврда за работа во здравството издадена од здравствена установа или организација од областа на здравството (Министерство за здравство, медицински факултет, МАНУ и слично). Со овој документ треба да се потврдува дека правникот има работно искуство во областа на здравството.
Наведените документи треба да се достават до Лекарска комора на Република Северна Македонија до 01.05.2023 годинана адреса ул. Партизански одреди бр.3 Скопје или на mail: arhiva@lkm.org.mk.
Напомена: Кандидатите кои навремено ќе поднесат барање за испитувачи и ќе ги исполнат условите ќе бидат избрани како акредитирани испитувачи за период од мај 2023 – мај 2025 година.