Постапка за измени и дополнување на Статутот на Лекарска комора
Собранието на ЛКРСМ на последната седница одржана на 26.12.2022 година, врз основ на член 51 и член 52 од Статутот, донесе одлука за отпочнување на постапка и формирање на Комисија за измени и дополнување на Статутот на ЛКРСМ.
Измените на Статутот се прават со цел тој да може да одговори на современите трендови и услови на работење и да се усогласи со европските стандарди.
Следејќи ја определбата за транспарентност и инклузивност во работењето Лекарската комора се обрати до општинските одбори со барање за доставување на предлози и сугестии за измените заедно со образложение за истите.
Предлозите и сугестиите треба да се достават во рок од две недели на е-маил pravensektor@lkm.org.mk или во архивата на Комората.
По разгледување и инкорпорирање на доставени забелешки и спроведена јавна ќе се изготви предлог-текст кој Извршниот одбор ќе го достави на усвојување до Собранието на Комората.