10.02.2023
10.02.2023
Лекарската комора обезбеди парична донација за настраданите во Турција
Во знак на солидарност и поддршка Извршниот одбор на Лекарска комора донесе одлука за доделување на парична донација во висина од 5.000 евра за настраданите граѓани на Турција во катастрофалниот земјотрес кој однесе многу човечки животи и предизвика огромна материјална штета.
Средствата се уплатени во фондот "Хуманитарна акција" кој е воспоставен од Центарот за Управување со Катастрофи и Вонредни Состојби (АФАД) при Министерството за Внатрешни Работи на Република Турција.