Светска недела на имунизација
Коалицијата за вакцинација бара лесен пристап до вакцините за бегалците
Со рамномерен пристап до вакцините и зголемен опфат со вакцинацијата ќе се обезбеди долг и здрав живот за сите се наведува во соопштението кои го испраќа по повод одбележување на Светската недела на имунизација Коалицијата за вакцинација предводена од Постојаниот комитет на европски доктори (The Standing Committee of European Doctors -CPME), чиј член е и Лекарската комора на Република Северна Македонија.
Соопштението го пренесуваме во целина :
Пандемијата предизвикана од Ковид-19 изминатите во две години доведе до намалување на стапките на редовна вакцинација во повеќе земји. Војната во Украина создаде милиони бегалци, од кои половината деца, кои засолниште побараа во соседните европски земји. Во сегашните околности, ризикот од ширење на заразни болести што може да се спречат со вакцини е висок, како кај бегалците, така и кај популацијата која ги прифаќа. Ситуацијата е загрижувачка поради тоа што во Украина стапките на вакцинација против детска парализа, сипаници и морбили, како и вакцина за заштита од Ковид 19 во оваа земја секогаш биле ниски во споредба со Европската Унија, што укажува на присуство на ранливи џебови на невакцинирани и делумно вакцинирани групи на население.
Придобивките од вакцините треба да бидат достапни за секого и секаде. Затоа од витално значење за контрола на болестите кои можат да се спречат со вакцини е да бидат опфатени сите, особено децата.
„Децата кои бегаат од Украина се соочува со многу тешкотии. Ако тие не се вакцинирани или се делумно вакцинирани, ранливи се и во однос да заболат од заразни болести“, вели д-р Сидарта Дата, регионален советник за болести кои можат да се спречат со вакцини и програма за имунизација, Регионална канцеларија на СЗО за Европа. Тој истакна и дека „заедничка одговорност е сите да бидат заштитени со тоа што ќе се обезбеди пристап до вакцините за секого и насекаде“.
Коалицијата за вакцинација ги повикува европските земји на следните активности:
• редовната вакцинација да се смета за приоритет за сите возрасни групи, особено за децата;
• возрасните, особено ризичните групи и постарата популација да се вакцинираат со бустер доза против Ковид 19, како и да се зголеми опфатот со оваа вакцина кај адолесцентите и децата;
• да се обезбеди бегалската популација, особено децата, да добијат лесен пристап до вакцинација;
• да се помогне на здравствените работници да започнат кампањи за вакцинација и да се поддржи зголемувањето на опфатот со редовна вакцинација кај бегалската популација и населението на земјите кои прифаќаат бегалци.
Здравствените работници, како најдоверлив извор имаат клучна улога во откривањето на невакцинирани лица и како најдоверлив извор на информации потетување за потребата вакцинација, ето на луѓето дека тие се најверодостојни извори на информации поврзани со вакцинацијата.
Здравствените работници, како најдоверлив извор на информации, имаат клучна улога да ги пронајдат и потсетат лицата за потребата од редовно вакцинирање.
Коалицијата за вакцинацијата потсетува дека:
• вакцините се најдобрата заштита од сериозни, дури и смртоносни болести, a кои може да се спречат;
• повеќето вакцини обезбедуваат доживотен имунитет, но за некои потребно е да се прими бустер доза за време на адолесценцијата или подоцна во текот на животот;
• постарите луѓе се поранливи на последициод инфекции за разлика од помладите;
• самите здравствени работници треба да се вакцинираат и да продолжат да ги охрабруваат пациентите да го сторат истото.
Годишната недела на имунизација на Светската здравствена организација се одржува од 24 до 30 април 2022 година. Темата оваа година е „Долг живот за сите“ и има за цел да ја зајакне важноста на обезбедување на рамномерен пристап до вакцините и зголемен опфат со вакцинацијата, што ќе придонесе за долг и здрав живот за сите.
Коалицијата за вакцинација е формирана во 2019 година од Европската комисија и ги поврзува сите европски асоцијации на здравствени професионалци и релеватни студентски организации. Коалицијата за вакцинација ја водат Постојаниот комитет на европски лекари (CPME), Европската федерација на медицински техничари (EFN) и Фармацевтската група на Европската Унија (PGEU) и има главна цел да обезбеди точни информации за вакцинирањето во јавноста, побивање на митовите и размена на искуства за најдобрата пракса за вакцинирање.