29.03.2010
29.03.2010
ИСПРАТЕНА ПРВАТА ПОКАНА ЗА ЗЕВА
По посетата на делегацијата на Германската медицинска асоцијација и седницата на Извршниот одбор на Лекарската комора на Македонија беа утврдени термините и главната тема за годинешниот состанок на Симпозиумот на лекарските комори од Централна и Западна Европа (ЗЕВА).
Притоа беше договорeно средбата на ЗЕВА да се одржи во Скопје и тоа од 30 септември до 2 октомври.
На18 март до 25 делегации од исто толку земји беше испратена првата покана за учество на симпозиумот. На состанокот се очекува да присуствуваат околу 60 претставници на лекарски комори и други медицински асоцијации.
Веќе наредниот месец ќе почне пријавувањето на делегациите за учество на Симпозиумот, што Лекарската комора го организира по втор пат, по оној во 2002 година.