Формиран Етичкиот комитет
За претседател на Комитетот е избран д-р Здравко Чакар. Тој треба да предложи членови кои ќе го сочинуваат Комитетот. Да потсетиме дека Комитетот ќе донесува ставови и препораки во врска со глобалните прашања околу правата на пациентите, односот доктор-пациент-машина, односот кон неизлечивите болни, клонирањето, заштитата на фетусот, трансплантациите, вештачкото оплодување, еутаназијата и слично.
Комитетот ќе треба да врши и етичко толкување на проекти на терапевтски експерименти и да предлага измени во кодексот на медицинска деонтологија.
Во Комитетот ќе членуваат поединци од повеќе професии и тој ќе заседава на затворени, полузатворени и отворени седници.