09.07.2002
09.07.2002
Тенис
На 29 и 30 Јуни во Прилеп се одржа осмиот “Medikal open" во тенис. На турнирот што се одржа на терените на Тенискиот клуб “Маркови кули” учествуваа дваесет доктори од државата. Првото место во поединечна конкуренција, по петти пат, го освои д-р Владимир Деспотовски, хирург во Воената болница во Скопје.
Во пријатна атмосфера и со добра организација на терените силите ги одмерија 18 во машка и две тенисерки во женска конкуренција. Во женска конкуренција во единствената партија најдобра беше д-р Софијанка Гламочанин, педијатар на детската клиника во Скопје.
Во игра на двојки по петти пат првото место им припадна на д-р Никола Пановски и д-р Никола Ѓурчинов.