Вистинска навала за лиценци
Комисијата за етички и правни прашања, надлежна за постапката за прием во Лекарската комора и за издавање на лиценците, последната седница ја одржа кон средината на минатиот месец. Во моментов очекуваат решавање на над педесетина барања од доктори од целата држава.
Да потсетиме уште еднаш што се ви треба да станете член на Комората и да добиете лиценца.
Ви треба документ за завршен медицински факултет (за оние што завршиле во странство нострифицирана диплома), документ за положен стручен испит, документ за специјализација и супспецијализација (доколку ја имате) и документ за потврдување на македонското државјанство (образецот за државјанство, лична карта или патна исправа) и една фотографија за членската карта. Сите заинтересирани треба да пополнат и прашалник кој можат да го добијат во стручната служба во Комората.
Повеќе детали можете да добиете на оваа веб страница во одделот во кој се поместени документите, односно правилниците на Комората или во стручната служба на Комората.