Седницата на Собранието во септември
Според договорот постигнат на последната седница на Извршниот одбор на Лекарската комора на Македонија, одржана на 19 јуни, Собранието својата седница ќе ја одржи во втората половина на септември. Како што беше речено на седницата на Извршниот одбор би било добро доколку Собранието на Република Македонија ги усвои измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита. Во текот на летниот период, доколку се усвојат измените и дополнувањата на Законот ќе треба да се изработат актите на Комората, меѓу нив и Статутот, кои треба да се усогласат со Законот.
Веднаш потоа документите ќе бидат испратени до членовите на Собранието. По првичната расправа во Собранието се планира поширока расправа меѓу членството на Комората до конечното усвојување на новиот Статут и иновираните акти на Комората.