Заврши 9. симпозиум
Симпозиумот се одржуваше во три сесии. На првата сесија делегацијата на Лекарската комора на Македонија ги презентираше своите искуства и планови во реализирање на реформите во здравствениот систем кои треба да бидат компатибилни со земјите од Европската унија. Претседателот на Лекарската комора на Македонија проф. д-р Алексеј Дума зборуваше за реформите во здравството во Република Македонија.
Во продолжение проф. д-р Катица Зафировска ги презентираше гледањата за континуираната медицинска едукација како предуслов за ревалидација.
Проф. д-р Милена Петровска зборуваше за улогата на комората во системот на лиценцирањето и акредитацијата.
Во отсуство на претставникот на Словенечката лекарска комора на втората сесија за облиците за приватизација во здравствениот систем говореше проф. д-р Феликс Валнер претставник на Австриската лекарска комора. По уводните напомени сите учесници на Симпозиумот ги изнесоа искуствата во областа на приватизација во своите земји.
На третата сесија проф. д-р Јорг Дитрих Хопе, претседател на Германската медицинска асоцијација го презентираше начинот на воспоставување на професиноалните стандарди и нивната валоризација. Во име на Чешката медицинска комора искусктвата на овој план ги изнесе Ленка Зборкова.
По секоја од трите сесии сите учесници учествуваа во дискусија по секоја од темите.