02.09.2026
02.09.2026
ИЗБОРИ 2026
Собранието донесе одлука за избори на 07.10.2026 година
Собранието на Лекарската комора на седницата одржана на 02.09.2026 година донесе одлука за одржување избори на 07.10.2026 година и формираше Централна изборна комисија. Претходно, поради немање кворум, не се одржаа три седници на Собранието, закажани за 30.04.2026, 21.05.2026 и 12.06.2026 година.
Претседателот на Комората ги распиша изборите на 30.04.2026 година, во рамките на законски утврдениот рок.
Во текот на изборниот процес, Комората продолжува да функционира непречено и во континуитет да ги извршува овластувањата согласно со Законот за здравствена заштита, поврзани со издавање, продолжување и обновување на лиценците за работа, организација на стручниот испит и акредитација на настаните за континуирана медицинска едукација.





