Предлагање кандидати за избор на Претседател на Лекарска комора и заменик-претседател
Во врска со претстојниот избор на Претседател на Лекарска комора, се известуваат новоизбраните членови на Општинските одбори и делегатите во Собранието дека, согласно Статутот на Лекарска комора и Правилникот за избор и отповикување на членовите на органите и телата на Лекарска комора, овластени предлагачи на кандидат за Претседател на Комората се:
- Најмалку три (3) Општински одбори од новиот состав на Општинските одбори; или
- Најмалку една третина (1/3) од делегатите од новиот состав на Собранието на Лекарска комора.
Предлозите за кандидати за Претседател на Лекарска комора се доставуваат до Лекарска комора на Република Северна Македонија.
По завршеното предлагање се утврдува листата на предложени кандидати за Претседател на Комората која се доставува до Централната изборна комисија (ЦИК) најдоцна 7 дена пред денот утврден за одржување на конститутивна седница на Собранието на ЛКРСМ. Конститутивното Собрание на Комората го закажува, свикува и со истото до изборот на нов претседател на Собранието, претседава претседателот на Собранието од претходниот состав.
Предложениот кандидат за Претседател на Комората предлага заменик- претседател на Комората од редот на членовите на Комората. При предлагање на заменик-претседател на Комората се води сметка за соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците во РСМ кои бројат 20% од население на РСМ, освен во случај кога Претседателот на Комората е припадник на заедниците кои бројат 20% од населението на РСМ.
Листата на кандидати содржи:
- име и презиме на секој кандидат,
- означување на Општинскиот одбор во кој членува кандидатот,
- означување на здравствената установа во која е вработен.
Со листата на кандидати задолжително се приложува и изјава од секој кандидат за прифаќање на кандидатурата.






