ИЗБОРИ 2026
Ажурирање на податоци до 25.09.2026 г
Лекарската комора на Република Северна Македонија ги известува своите членови дека ажурирањето на податоците во Регистарот на членови, за потребите на избирачкиот список, ќе се врши заклучно со 25.09.2026 година.
Барањата за ажурирање доставени по овој датум нема да бидат земени предвид при изготвувањето на избирачкиот список.
Членовите кај кои има промена во податоците за вработувањето потребно е во наведениот рок да ги достават следните податоци: установа во која се вработени, основ на вработување, датум на вработување, датум на престанок на вработувањето, датум на пензионирање и слично.
Ажурирањето можете да го извршите преку Порталот за лекари, кој овозможува електронски пристап до Регистарот на членови, или со известување на електронската адреса register@lkm.org.mk.
Особено апелираме да извршите проверка на податоците за местото на живеење и за вработувањето, имајќи предвид дека тие се од значење за правилното определување на избирачката единица и за остварувањето на правото на учество во изборниот процес.
За сите прашања или потешкотии, контактирајте нè на телефон 02 3239 060, локал 115 или 116.






