ПРЕТСТАВНИК НА ЛКМ ВО ГЕРМАНИЈА
Од 20 до 23 мај 2003 година во Ќелн ќе се одржи редовното 106 Собрание на Лекарската комора на Германија. По правило Лекарската комора на Германија како гости поканува и претставник на Лекарската комора на Македонија.
Од 20 до 23 мај 2003 година во Ќелн ќе се одржи редовното 106 Собрание на Лекарската комора на Германија. По правило Лекарската комора на Германија како гости поканува и претставник на Лекарската комора на Македонија.
Фондацијата Сорос во соработка со Школата за јавно здравство во Дебрецин, Унгарија, организира постдипломски студии од областа на јавното здравство. За оваа цел ФИООМ распиша конкурс. Во прилог ви ја пренесуваме и апликацијата која треба да ја пополнат сите заинтересирани. Рокот за пријавување е 15 јуни.
Најдоцна до 15 февруари треба да бидат предложени можните кандидати за добивање на наградата “Св. Наум Охридски”. Тоа можат да го сторат општинските организации на Лекарската комора на Македонија. Конкурсот е распишан на 15 јануари 2003 година во “Утрински весник”. Минатогодишен носител на лауреатот беше д-р Климентија Матоски од Струга.
Со скромна свеченост на 17 декември беше одбележата десет годишнината од излегувањето на “Билтен”, сега "Vox medici", гласило на Лекарската комора на Македонија. На собирот присуствуваа поголем број активисти, досегашните членови на Уредувачкиот одбор, претставници на фармацевтските куќи кои соработуваат со списанието, соработници и колеги од македонските медиуми кои пишуваат за здравството. На собирот говореа претседателот на Лекарската комора на Македонија д-р Алексеј Дума и главниот и одговор
На дневен ред на 26-та седница на Извршниот одбор на Лекарската комора на Македонија беа повеќе прашања од тековната работа на Комората. Меѓу другото на седницата членовите на Извршниот одбор беа информирани за добиениот гранд за финансиска помош од ФИОМ во врска со реализацијата на започнатиот процес за реформи во здравството.
По одлуката на Собранието на Лекарската комора на Македонија што се одржа во октомври минатата година во Скопје е конституиран Етички комтет. Се одржаа две седници. На првата се избрани двајца потпретседатели- д-р Илир Љума и д-р Златко Васков. Договорени се и наредните активности на Комитетот.
Заради деакумулација на функциите д-р Никола Силјановски, во меѓувреме кандидат за директор на Клиниката за хематологија, поднесе оставка од функцијата член на Управниот одбор на Фондот за здравствено сигурување. На последната седница на Извршниот одбор наместо д-р Никола Силјановски беше одлучено за нов член на Управниот одбор да беше предложен д-р Сташо Наумоски од Прилеп, претседател на Собранието на Лекарската комора на Македонија.
Како по традиција и оваа година докторите ќе го одбележат Светскиот ден на здравјето. Докторите и овој пат пред верната публика, нивните колеги, ќе се претстават со нивните вештини во областа на уметноста- музицирањето, пеењето и творештвото во музиката и литературата.
На почетокот на Третата седница на Собранието на ЛКМ претседателот на Лекарската комора д-р Алексеј Дума, поднесе образложение по Извештајот за работа на Комората, нејзините органи и тела меѓу второто и третото свикување. Д-р Дума зборуваше и за задачите што претстојат пред Комората оваа и наредната година.
Собранието на Лекарската комора на Македонија годинава третата редовна седница ја одржа на девети октомври во Негорски Бањи, во близина на Гевгелија. Членовите на Собранието расправаа по мошне обемен дневен ред.
На состанокот на деканите на Медицинскиот и Стоматолошкиот факултет, на претседателите на Лекарската и Стоматолошката комора и Македонското лекарско друштво одржан на 29 октомври оваа година беше потпишан Меморандум за соработка
Во рамките на проектот за континуирана медицинска акредитација, поддржан од Министерството за здравство и Bis Healtcare Group од Обединетото Кралство, работната група за акредитација подготви “Стратегија за акредитација на докторите во Република Македонија”. Како што се вели во предговорот во Стратегијата, задачата на тимот за акредитација била да се подготви Стратегија за модернизација на медицинската професија во Македонија со користење на критериумите и стандардите на развиените Европски зем
Веб сајтот користи колачиња за оптимизирање на работата согласно нашата Политика за колачиња

