IN MEMORIAM Примариус доктор Петар Ачковски
Вчера на 68-годишна возраст почина примариус доктор Петар Ачковски. Тој целиот работен век го помина како анестезиолог на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, а беше долгогодишен шеф на трауматологија.
Лекарска комора организираше брифинг за новинари: Вакцините за ковид-19 се безбедни и ефикасни
Со цел подобро запознавање на новинарите со технологијата на производство на вакцините и нивниот начин на делување и подигнување на јавната свест за важноста на имунизацијата во справување со пандемискиот вирус Sars-CoV-2, Лекарската комора на РСМ организираше он лајн брифинг со претставници на медиумите.
Важно известување за работа на стручната служба на ЛКРСМ
Вашите барања за издавање, обновување и продолжување на лиценца за работа и сертификатите да ги испраќате електронски на мејловите на Комората
Д-р Соња Ралева: Вакцините за заштита од SARS-CoV-2 се високо ефикасни, интересот на здравствените работници е одличен
Вакцинирањето на здравствениот персонал кој работи во центрите за лекување на пациенти со ковид-19 се одвива согласно однапред предвиден распоред, со запазување на сите протоколи и досега има одличен одзив
МААР: Препораки за анти-ковид-19 вакцинација на пациенти со автоимуни и инфламаторни ревматски болести
Упатството е наменето за матичните доктори, специјалистите по интерна медицина и за ревматолозите во Република Северна Македонија.
IN MEMORIAM Проф. д-р Предраг Кировски
Денес на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, поради компликации од Ковид-19 почина проф. д-р Предраг Кировски – невропсихијатар.
IN MEMORIAM: Проф. д-р Александар Шиколе
По кратко и тешко боледување, на 67-годишна возраст почина професор д-р Александар Шиколе, истакнат македонски нефролог и редовен професор на Катедрата за интерна медицина.
Потребна е заедничка акција за заштита на колективното здравје и здравствениот систем
Лекарската комора на Република Северна Македонија упатува апел и ги повикува сите граѓани да ја препознаат сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаме предизвикана од ширењето на ковид-19 и со заеднички придонес и делување да им помогнат на лекарите
Пациентите на хемодијализа со висок ризик за смрт од ковид-19, треба да бидат во приоритетна група за вакцинација
Пациентите со хроничната бубрежна болест, како и оние со трансплантација на бубрег имаат зголемен ризик за тешка форма на ковид-19 лош исход, поради што е неопходно да бидат ставени во приоритетна група за вакцинација, како и строго да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од вирусот
Лекарска комора прави стручен надзор, не судско вештачење
Проф. д-р Гривчева-Старделова: Лекарската комора не е суд
Законот за здравствена заштита предвидува јавни овластувања и должности за Лекарската комора, а тоа се издавање, обновување, продолжување и одземање на лиценца за работа, водење регистар на лиценци и вршење стручен надзор над работата на здравствените установи и здравствените работници
IN MEMORIAM академик Момир Харалампие Поленаковиќ (1939 – 2021)
По кратко боледување на 6 март 2021 година, во 81 година од животот, почина академик Момир Харалампие Поленаковиќ.





