ФЗОМ бара специјалистите/супспецијалистите да се придржуваат до индикационите подрачја од Позитивната листа лекови и правилниците за ортопедски помагала и за боледувања
Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) со официјален допис побара подрачните служби да ги информираат специјалистите/супспецијалистите вработени во здравствени установи од специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита кои имаат договор со Фондот, при издавањето препорака на лек за лекување на осигурените лица со лекови од "Листата на лекови кои паѓаат на товар на ФЗОМ" да се придржуваат на индикациите за лекот кои се утврдени во неа.
Со овој допис од специјалистите/супспецијалистите се бара при издавањето на препораки за потреба од ортопедски и други помагала, како и при издавање на потврдите за потреба од ортопедски помагала, да се придржуваат до шифрите, називот, количествата како и индикационите подрачја и дијагнозите наведени во Правилникот за индикации за остварување на правото на ортопедски и други помагала и Списокот за ортопедски и други помагала. На специјалистите/супспецијалистите исто така им се укажува при издавањето на препорака за привремена спреченост за работа задолжително да се придржуваат до Правилникот (и неговите измени) и до Критериумите за дијагностички постапки и оценка на привремена спреченост за работа поради болест и повреда или потреба за нега на болен член на семејството.