Почеток
Новости
Историја
ЛКМ денес
Основ за формирање
Цели и задачи
Организациона структура
Акти
Публикации
Контакт
 
 
 
 
 
 
 
 

 

 

Здужување на здравствените работници

Член 155

Заради заштита и унапредување на стручноста и етичките должности и права, за подобрување на квалитетот на здравствената заштита, заштита на интересите на својата професија, следењето на односот на здравствените работници кон општеството и граѓаните, докторите на медицина, докторите на стоматологија и дипломираните фармацевти се здружуваат во лекарска, стоматолошка односно фармацевтска комора.

Лекарската, стоматолошката односно фармацевтската комора има својство на правно лице.
Лекарската, стоматолошката односно фармацевтската комора може да одземе лиценца за работа на доктори на медицина, доктори на стоматологија и дипломирани фармацевти, ако утврди дека ја прекршиле лекарската етика или сториле потешка повреда на стандардите и квалитетот на здравствените услуги.

Против одлуката на лекарската, стоматолошката односно фармацевтската комора може да се изјави жалба до министерот за здравствто.

Коморите од ставот 1 на овој член донесуваат статут, утврдуваат кодекс на професионалните етички должности и права, формираат суд на честа и други помошни тела и донесуваат други акти за начинот на работењето на нивните органи и за начинот и постапката за издавањето односно одземањето на лиценците за работа.

Член 156

Заради следење на достигнувањата и унапредувањето во одделни гранки на медицината здравствените работници од одделни специјалисти можат да здружуваат во стручни здруженија во составот на Македонското лекарско друштво.


Закон за здравствена заштита