пребарување
   
 
Спортски викенд за докторите

Успешно искачување на Водно, шах турнир во Куманово

10.05.2022

Во организација на Комисијата за спортски активности на Лекарска комора во изминатиот викенд се одржаа два настани. Во саботата 07.05.2022г. се одржа традиционалната планинарска тура на Водно.

„Докторите кои учествуваа на настанот покажаа добра физичка кондиција и успешно го совладаа предизвикот за искачување на Водно кој и не беше лесен. Направивме краток одмор кај Крстот и уживавме во убавата панорама на Скопје, по што се вративме назад. Споделивме навистина пријатно доживување и дружење, од кое понесовме убави спомени“, истакнува д-р Љупчо Милановски, претседател на Комисијата за спортски активности.

Учесниците на планинарската тура добија дипломи за успешно остварениот предизвик, а организаторот на настанот обезбеди и брендирани маички, освежување, мала закуска и витамини.


Во неделата на 08.05.2022 година во просториите на Шаховскиот клуб во Куманово се одржа турнирот во шах. Прво место освои д-р Вело Марковски, второ место д-р Дејан Јанков, трето место д-р Мите Зафиров.

Комисијата за спортски активности упатува голема благодарност до домаќините од Шаховскиот клуб Куманово, претседателката Сања Трајковска и до Агим Шемсиу потпретседател на Шаховски сојуз на Македонија кој воедно беше во улога на судија на турнирот. По докторскиот турнир се одигра и двомеч со домаќините Шаховскиот клуб Куманово во кој победија домаќините со 26,5:22,5. И на овој настан за сите учесници беа доделени дипломи, брендирани маици, освежување, како и пехари за победниците.

 

акредитирани стручни активности



Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Поволности за лекари
 
Лекарска комора на Република Северна Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066

facebook.com/lkm.org.mk
developed by Медиум 3