пребарување
   
 

Претседателот на ЛК со матичните лекари на средба во Министерството за здравство

18.02.2022


Претседателот на Лекарска комора на Република Северна Македонија проф. д-р Калина Гривчева Старделова заедно со претседателката на ЗПЛРМ, д-р Лилија Чолакова Дервишова, денес остварија средба со Министерот за здравство д-р Беким Сали и заменик-министерот за здравство доц. д-р Владимир Рендевски на која се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат матичните лекари од примарното здравство.

Претставниците на матичните лекари, Комората и Министерството дискутираа за потребата неодложно да се идентификуваат и спроведат решенија кои ќе ја зајакнат примарната здравствена заштита, како еден од основните столбови на здравствениот систем во нашата земја со цел да се подигне квалитетот на здравствена заштита и воедно овој сектор да стане поатрактивен за младите доктори.

Лекарската комора препознавајќи ја важноста на улогата на матичниот доктор во континуитет се залага за унапредување на неговата улога и создавање на подобра околина за негово делување. Во изминатите години на иницијатива и во организација на Комората одржани се низа состаноци со Министерството за здравство и со Фондот за здравствено осигурување на кои се истакнати видувањата на докторите околу тоа што е неопходно да се направи во примарното здравство.

Претседателот на Лекарска комора на денешниот состанок даде поддршка на барањата на колегите од примарната здравствена заштита, бидејќи сериозноста на ситуацијата е голема и потребно е брзо изнаоѓање на решение прифатливо за сите засегнати страни.

акредитирани стручни активности



Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Поволности за лекари
 
Лекарска комора на Република Северна Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066

facebook.com/lkm.org.mk
developed by Медиум 3