пребарување
   
 

Поддршка за задолжителна вакцинација против Ковид19 за здравствени работници

20.11.2021
Негативниот ефект на пандемијата предизвикана од Kовид-19 има силно влијание врз целокупното живеење, донесе многу жртви и го потресе целокупниот општествен живот. Затоа, должност на сите нас е да направиме сè што е во наша моќ за да ја сузбиеме пандемијата. Постигнувањето на висок опфат на вакцинирани против Ковид-19, заедно со придржување кон општите епидемиолошки мерки е најважниот начин на борба против пандемијата. 

Лекарската комора истакнува дека на вакцинацијата треба да се гледа како на една од најголемите придобивки на медицината, која во однос на заразните заболувања дава докажан позитивен ефект. Со вакцинирањето се заштитуваме себеси, своите блиски и нашите пациенти со кои секојдневно се сме во комуникација. Во таа насока, Лекарската комора дава јавна поддршка на одлуката за задолжителна вакцинација на сите здравствените работници, освен во случај на постоење на контраиндикации. Лекарите и сите останати здравствени работници треба да бидат пример, затоа што располагаат со стручна наобразба и вистински, научно потврдени знаења за позитивните ефекти од вакцините. 

Истакнуваме и го поздравуваме тоа што најголем дел од лекарите веќе се вакцинирани со две дози, а во тек е процесот и голем е интересот за примање на третата доза. Сепак, за општо добро на сите вработени во здравствените институции, но и за општата популација, неопходно е сите здравствени работници да го сторат истото за да можеме да го совладаме предизвикот со кој се соочуваме. 

Дополнително, апелираме да сите лекари, односно сите здравствени работници да ја акцентираат потребата и да го афирмираат значењето на превентивните мерки и процесот на вакцинација. Целта за постигнување на висок опфат на вакцинација на населението против Ковид-19 може да се постигне само доколку продолжиме да им помагаме на граѓаните да го разбијат својот страв од вакцините, преку континуирана и посветена комуникација, базирана на вистински и научно поткрепени факти за вакцинирањето.

акредитирани стручни активности



Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Поволности за лекари
 
Лекарска комора на Република Северна Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066

facebook.com/lkm.org.mk
developed by Медиум 3