IN MEMORIAM: Проф. д-р Александар Шиколе25.03.2021![]() По кратко и тешко боледување, на 67-годишна возраст почина професор д-р Александар Шиколе, истакнат македонски нефролог и редовен професор на Катедрата за интерна медицина. Проф. д-р Шиколе сиот свој работен век го мина на Клиниката за нефрологија во Скопје, каде неколку години беше и директор. Докторирал во областа на примената на еритропоетинот кај пациенти лекувани со хемодијализа, проблематика на која континуирано работеше. Дома и во странство објавил повеќе од 250 труда од неговата специјалност. Како истакнат меѓународен експерт бил гувернер на Европското здружение за вештачки органи.
Лекарската комора на РСМ изразува жалење за големата загуба на извонреден колега и научник и изразува сочувство до семејството. Формулари и обрасци
![]() Легислатива
Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
In Memoriam
Поволности за лекари
![]() ![]() |