пребарување
   
 
Лекарска комора прави стручен надзор, не судско вештачење

Проф. д-р Гривчева-Старделова: Лекарската комора не е суд

12.03.2021

Законот за здравствена заштита предвидува јавни овластувања и должности за Лекарската комора, а тоа се издавање, обновување, продолжување и одземање на лиценца за работа, водење регистар на лиценци и вршење стручен надзор над работата на здравствените установи и здравствените работници. Стручниот надзор над работата на здравствените работници Комората го врши врз основа на Годишен план за стручен надзор над работата на здравствените установи и здравствените работници. Вонреден надзор над стручната работа по потреба се врши на барање на пациент, член на неговото семејство или државен орган, рече претседателот на Лекарската комора на РСМ, проф. д-р Калина Гривчева-Старделова на денешната прес коференција.

„Извештајот за извршен стручен надзор се доставува до министерството за здравство, барателот на извештајот и до установата во која е извршен надзорот. Извештајот ја констатира состојбата, односно евентуалните недостатоци, неправилности или пропусти во вршењето на стручната работа, во однос на спроведувањето на стручните упатства и условите и начинот на укажување на здравствената заштита. По разгледувањето на извештајот Министерот за здравство донесува решение. Сакаме да потенцираме дека состојбата која ја констатира извештајот се прави врз основ на приложената медицинска документација и прибраните изјави во моментот кога Комисијата е на увид во здравствената установа. Тоа значи дека стручниот надзор не може да прави реконструкција на некој настан, ниту пак судско вештачење. Судското вештачење е сосема поинаква процедура која се спроведува од други надлежни институции и органи. Во овој дел настана и најголемата конфузија, па така Комората беше преставена како суд“, рече проф. д-р Калина Гривчева – Старделова.

Проф. Гривчева-Старделова потенцираше дека Претседателот на Лекарската комора и членовите на Извршниот одбор на комората не учествуваат во работата на сите нејзини тела и органи и дека комисијата за конкретен стручен надзор ја формира друго тело на комората, Комисија за стручен надзор, чии имиња на членовите се јавно достапни на веб страната на Лекарската комора. Во Лекарската комора годишно се вршат голем број на стручни надзори и за секој надзор Комисијата за стручен надзор формира посебна стручна комисија, а имињата на членовите на овие комисии никогаш не се објавуваат јавно, бидејќи и по завршувањето на надзорот некои случаи продолжуваат со други постапки во други институции, поради што и понатаму е потребно е да се спречи вршење на влијание и притисок врз членовите кои го извршиле надзорот.

„Исто така треба да се напомене дека извештајот на комисијата за стручен надзор не влијае на понатамошната одлука страните во процесот да покренат постапки пред надлежни судски органи. Би сакале да потенцираме и дека доколку комисијата за стручен надзор констатира пропусти во процедурата, односно во стручното постапување, тоа не значи дека е утврдена лекарска грешка. Лекарска грешка утврдуваат само судски вештаци во судска процедура“, изјави проф. д-р Гривчева-Старделова.

Таа информираше и дека д-р Мухамед Асани го стави во мирување неговото работење во Извршниот одбор на Лекарската комората до завршување на случајот.

Потпретседателот на Лекарската комора д-р Илбер Бесими изјави дека во работењето на Комората, веќе како членка на Постојаниот комитет на европски лекари (CPME), побарани се неколку законски измени за проширување на надлежностите на Комората и законските овластувања. " Потребни се законски измени за проширување на ингеренциите, но нашата соработка со било кој државен орган е секогаш отворена и јавна и нашите ресурси секогаш ги ставаме на располагање за секој што ќе побара" изјави д-р Илбер Бесими.

Прес конференцијата ја оддржаа:

проф. д-р Калина Гривчева - Старделова -претседател на Лекарската комора

д-р Илбер Бесими - заменик претседател

д-р Игор Дабески – потпретседател за примарно здравство

д-р Иљир Шурлани – потпретседател за секундарно здравство

д-р Никола Граматниковски -потпретседател за терциерно здравство

д-р Џабир Бајрами – претседател на Собранието

Членови на ИО

д-р Гордана Божиновска Беака

д-р Илберт Адеми

д-р Арѓент Муча

д-р Алберт Леши

д-р Душко Темелков

акредитирани стручни активности

Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Поволности за лекари
 
Лекарска комора на Република Северна Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066

facebook.com/lkm.org.mk
developed by Медиум 3