пребарување
   
 

Јавен повик за испитувачи за стручен испит за докторите медицина

06.03.2021

1.Лекарската комора на Република Северна Македонија го спроведува стручниот испит на здравствени работници со високо образование за добивање на лиценца за работа. Согласно Правилникот за стручниот испит на докторите на медицина и за издавање на лиценца за спроведување на стручниот испит се формираат комисии. За таа цел, Комората потребно е да оформи списоци за испитувачи од кои се формираат комисиите пред кои докторите на медицина го полагаат стручниот испит.

Списокот за акредитирани испитувачи потребно е да биде составен од следните области на медицината: примарна здравствена заштита, педијатрија, хирургија, интерна медицина, гинекологија и акушерство. Акредитацијата на испитувачите трае две години.
Критериуми што треба да ги исполнат докторите – испитувачи за полагање на стручниот испит се:

· Лиценца за работа издадена од Лекарската комора на Република Северна Македонија;

· Доказ за тимска работа - приложена потврда за учество во:

- проекти;

- стручни/или научни колегиуми односно одбори во институции или

- здруженија, одбори на конгреси, симпозиуми и други форми на стручно или научно усовршување; и

· Доказ за искуство во настава и/или оценување.


2. Во составот на комисиите покрај докторите на медицина членови се и правници.За таа цел, Комората акредитира правници членови на испитните комисии и оформува список на правници - испитувачи. Најмалку пет години работно искуство во областа на здравството е услов кој треба да го исполни правникот за член во испитната комисија за полагање на стручен испит за докторите на медицина. Потврда за работа во здравството издадена од здравствена установа или организаци од областа на здравството (Министерство за здравство, Mедицински факултет, МАНУ и слично) е документ со кој се потврдува дека правникот има работно искуство во областа на здравството.

Наведените документи треба да се достават до Лекарска комора на Република Северна Македонија до 01.05.2021 годинана адреса ул. Партизански одреди бр.3 Скопје или на мејл: arhiva @ lkm . org . mk .

Напомена: Кандидатите кои навремено ќе поднесат барање за испитувачи и ќе ги исполнат условите ќе бидат избрани како акредитирани испитувачи за период од мај 2021 – мај 2023 година.

акредитирани стручни активности

Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Поволности за лекари
 
Лекарска комора на Република Северна Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066

facebook.com/lkm.org.mk
developed by Медиум 3