пребарување
   
 

ЛКМ на Симпозиум на ZEVA во Будимпешта

27.09.2019

Делегацијата на Лекарската комора на  Македонија предводена од Претседателката доц. д-р Калина Гривчева Старделова,  д-р Џабир Бајрами претседател на Собранието на Комората и д-р Илберт Адеми член  на Извршниот одбор на Комората присуствува на 26 -от Симпозиум на ЗЕВА во  Будимпешта, Унгарија. Симпозиумот почна денес, а главни теми се: обезбедување  на квалитет на системите за здравствена заштита, вакцинација - движења против  антивакцинација и ментално и физичко здравје на лекарите.

Во оваа докторска асоцијација се  организирани коморите од повеќе од 25 земји на Централна и Источна Европа за да  ја поддржуваат, промовираат и прошируваат улогата и работата професионалните  коморски асоцијации, да разменуваат искуства и мислење, како и да заземат  ставови и да дадат предлози од делокруг на нивното делување, но и во функција  на подобрување на здравствениот систем и обезбедување квалитетна и пристапна  здравствена заштита за населението.


акредитирани стручни активности

Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Спортски секции
Поволности за лекари
Нудиме – бараме
 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник - петок од 07:30 до 15 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3