пребарување
   
 

Информација за фотографирање за потребата за изработка на нова членска карта

14.06.2019

Ве информираме дека Лекарската комора на Македонија започна со активноста за замена на членски карти на докторите на медицина со нови безконтактни картици кои освен основната намена за потврда на членство во Лекарската комора, докторите на медицина ќе ги користат во процесот на континуираната медицинска едукација за евиденција на посетата на организирани КМЕ настани, потребни за обезбедување на бодови за обнова на лиценците за работа.

Усвоениот формат на картица налага печатење на фотографија на носителот на картицата. Поради потребата да се достават нови фотографии за печатење на новата бесконрактна картица, Комората организира фотографирање на докторите на медицина.
Се молат докторите да издвојат време и заминат на фотографирање во ден утврден со распоредот. Трошокот за оваа услуга е на товар на Лекарската комора.

Благодарни сме за соработката!

РАСПОРЕД ЗА 11.06.-13.06.2019.

ВТОРНИК 18.6.2019 08:00-15:00 ОПШТИНСКИ ОДБОР ТЕТОВО 1 и 2
СРЕДА 19.6.2019 08:00-15:00 ОПШТИНСКИ ОДБОР ТЕТОВО 1 и 2
ЧЕТВРТОК 20.6.2019 08:00-15:00 ОПШТИНСКИ ОДБОР ГОСТИВАР
ПЕТОК 21.6.2019 08:00-15:00 ОПШТИНСКИ ОДБОР ГОСТИВАР

Известување,

Сакаме да ги известиме дека сите доктори по медицина кои НЕ СЕ ФОТОГРАФИРАНИ за новите членски карти, можат да отидат да се фотографираат од 24.06.2019 па во наредните денови во студиото Фото Тото (адреса и мапа во прилог) од 12:00-18:00 часот секој работен ден.

Поради користење годишен одмор, фото студиото нема да работи во период од 01.08. до 20.08.2019 година.
 

https://zk.mk/digital-foto-toto?choice=Vw – Адреса на Фото Тото студио

Мапа на Фото Тото студио


акредитирани стручни активности

Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Спортски секции
Поволности за лекари
Нудиме – бараме
 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник - петок од 07:30 до 15 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3