пребарување
   
 

Лекарската комора ќе биде домаќин на регионалниот Форум: Закон за заштита на правата пациентите - што се случи?

25.02.2019

Лекарската комора наредната година ќе биде домаќин на Форумот на коморите од регионот на тема: Закони за заштита на правата пациентите – што се случи? Ова е договорено на Вториот годишен форум на Лекарската комора на Србија кој се одржа на 22 и 23 февруари годинава во Белград, Р. Србија. На Собирот партиципираа повеќе комори и професионални асоцијации од регионот, а состојбите во нашата земја ги презентира пртседателката на Лекарската комора, доц. д-р Калина Гривчева – Старделова. На девниот ред на Форумот беа иселувањето на докторите, проблем со кој се соочуваат земјите во регионот, како и фармаковигилнцата, односно несаканите дејства на лекови - правна рамака, системот на регулација и активности.

Во својата презентација д-р Гривчева – Старделова ги прикажа сосотојбите со ислеувањето на докторите, проблемите кои се јавуваат како последица на ваквата тенденција во здравствениот систем, како и мерките што се преземаат за докторите да се задржат во земјава (измени во законската регулатива и во подзаконските акти, воведување на плата во текот на специјализациите, зголемување на платите и надоместоицте за дежурства за докторите во јавниот сектор.

Во рамките на нејзиното излагање беа изнесени и податоците со кои располага Националниот центар за несакни ефекти од лековите, бројот на пријави, како и начинот на организирање и следење, проценка на несаканите реакции на лековите, обработка и проценка на добиените податоци за безбедноста на лековите кое со формирањето во рамките на своите надлежности пред неколку години го презеде Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД).

акредитирани стручни активности

Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Спортски секции
Поволности за лекари
Нудиме – бараме
 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3