пребарување
   
 

ЛКМ со синдикатите разговараше за зголемување на платите од 15 отсто

06.09.2018

Извршниот одбор на Лекарската комора на Македонија, како професионална докторска асоцијација, изразува револт и незадоволство во врска со договорот за определување на најниската плата во јавниот здравствен сектор што ја потпишаа Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и Министерството за здравство со која вредноста на бодот се зголемува за 5 отсто.              

Реакцијата е резултат на висината на зголемувањето на бодот која е повеќе од скромна, особено што таквата корекција не е во согласност со висината на зголемување за кои разговараа синдикатите (Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и Синдикатот на клинички центар и...) и Лекарската комора. Имајќи го предвид ваквото непочитување на договореното околу зголемувањето на платите во здравството кое во разговорите беше определено на околу 15 отсто за 2018 година, Извршниот одбор смета дека Самостојниот синдикат и неговите  органи и тела во најкус можен рок треба да вложат напори и да се корегира процентот на зголемување на платите на докторите, а во спротивно тие треба да поднесат морална одговорност.             

Извршниот одбор смета и дека со корекцијата треба да бидат опфатени матичните лекари и цени дека покачувањата мора да бидат сеопфатни и да се однесуваат на здравствениот систем во целина, а направеното зголемување, како што беше оценето, е парцијално и предизвикува непотребни поделби и конфронтации кај колегите.
акредитирани стручни активности

Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Спортски секции
Поволности за лекари
Нудиме – бараме
 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3