пребарување
Се вчитува...
   
 

Заеднички во решавање на проблемите на докторите - средба со пратениците - доктори

26.06.2018

           На 21.06.2018 година во Собранието на Р.Македонија се одржа средба со пратениците  - доктори од собраниската Комисија за здравство на која е договорено одржување на заеднички работен состанок до крајот на месецот со Министерот за здравство и директорите на Фондот за здравствено осигурување. На таа средба би се разговарало за Законот за докторска дејност и на другите отворени прашања од здравствениот сектор кои бараат брзо решавање.          

На состанокот присуствуваа д-р Мирсада Емини - Асани, претседател на Комисијата за здравство и членовите д-р Бети Рабаџиевска - Наумовска, д-р Маја Морачанин, д-р Катерина Кузмановска, д-р Мери Лазова и д-р Јагода Шахпаска. На оваа средба присуствуваа д-р Калина Гривчева - Старделова, претседател на Лекарската комора, д-р Илбер Бесими, заменик на претседателот, потпретседателите д-р Игор Дабески, д-р Никола Граматниковски и д-р Илир Шурлани,претседателот на Собранието на Комората, д-р Џабир Бајрами и членовите на ИО.               

На средбата се дискутираше и за вреднувањето на докторската работа, правото на дополнителна работа, мрежата на здравствениот систем, недостигот на кадар и потреба од нови вработувања, специјализациите и нивно планирање, потреба од усогласување на начинот на исплатата на платите, дежурствата и ноќниот труд во јавните здравствени установи... Се изнесоа предлози, мислења и ставови како младите доктори да се задржат во државата и да не заминуваат во странство, како и да се решат клучните системски прашања со кои се соочуваат докторите во секојдневната практика. Во дискусиите можеа да се слушнат различни мислења и ставови за определени теми, но сите присутни сметаат дека со ваквиот начин на заедничка работа, ќе се започне со решаваат дел од проблемите во здравството.
акредитирани стручни активности

Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Пријава за осигурување
на професионална одговорност
Спортски секции
Поволности за лекари
Нудиме – бараме
Анкетен прашалник
 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3