пребарување
Се вчитува...
   
 

И за докторите важи пресумпција на невиност

09.05.2018

            Лекарската комора на Македонија  во името на сите доктори искрено жали за смртта на Тамара и сочувствува со болката на семјството Димовски. Меѓутоа, како професионална асоцијација, во исто време,  има обврска кон пациентите и кон докторите да инсиситира конечно јавноста да биде запознaена со целосната вистина за овој случај. Комората смета дека за сите недостатоци и проблеми во здравствениот систем не може да бидат одговорни единствено докторите, особено не за погрешните политики во здравството.             

Лекарската комора на Македонија и во оваа прилика апелира на неопходноста да се почитува пресумпција на невиност и да се избегнува практиката на објавување на комплетните имиња и презимиња на доктори за кои се поведува некаква постапка пред надлежните институции.            

Сметаме дека овластените институции на системот  без влијанија и пристисоци треба да си ги извршуваат своите задачи. Ваквите појави внесуваат голема конфузија и го рушат угледот и достоинството на докторите. Секое објавување на името на оние за кои е покрената истражна или друга постака е прејудицирање на вината и со право може да се смета  дека е форма на притисок врз надлежните институции и јавноста, искривувајќи ја сликата за вистината.              

Комората го подржува навременото, објективното и аналитичко информирање на јавноста за сите настани и појави во здравството, но не и предвремената јавна осуда на инволвираните лица и институции, поаѓајќи од неприкосновеното правило за тоа дека секој е невин додека со правосилана судска одлука  не се докаже дека е виновен.             

Особено кога  докторите кои се обвинети во слуајот, што трае повеќе од 40 месеци,  инфромација ја добиваат од медиумите без притоа да го имаат приемно  обвиненитето со листата на докази. Притоа останува отворена дилемата  на прашањето што се случуваше во тој период?! 

            Од тие причини Лекарската комора на Македонија како професионално асоцијација која  се грижи за угледот и достоинството на докторската професија најосторо реагирана постапката за објавата и на поднесеното обвинение против 12 лица во врска со случајот Тамара. 





Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Пријава за осигурување
на професионална одговорност
Спортски секции
Поволности за лекари
Нудиме – бараме
Анкетен прашалник
 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3