пребарување
Се вчитува...
   
 

Унапредување на соработката со Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Р. Македонија

03.05.2018
Лекарската комора на Македонија и Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Р. Македонија ќе ја продлабочуваат соработката, пред се, во однос на поддршката на активностите на Здружението и неговите заложби за посебна регулација на статусот на овие професии во законската регулатива и во системот на здравствена заштита. Ова е договорено на средбата на претседателката на Комората, доц. д-р Калина Гривчева – Старделова со претседателката на Здружението,  Велка Гавровска – Лукиќ, што се одржа во просториите на Здружението во Скопје.     
         
На средбата стана збор и за потребата на донесување на посебна законска рамка за медицински сестри, техничари и акушерки, дефинирање на овие професии во каталогот на занимања, унапредување  на заедничките активности кои ќе придонесат за поуспешно организирање и имплементација на континуираната медицинска едукација за сестрите, техничарите и акушерките, како и поддршка на проектите за нивна едукација и доусовршување.



Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Пријава за осигурување
на професионална одговорност
Спортски секции
Поволности за лекари
Нудиме – бараме
Анкетен прашалник
 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3