пребарување
Се вчитува...
   
 

Д-р Гривчева - Старделова со „The Risk Mаnagement in the Medical Practice“ на Меѓународната конференција на БМА

30.04.2018

Претседателката на Лекарската комора на Македонија, доц. д-р Калина Гривчева - Старделова учествуваше на Меѓународната научна конференција што од 26 до 29 април 2018 година се одржа во Несебар, Бугарија во организација на Бугарската  медицинска асоцијација (БМА). На овој значаен научен форум на кој партиципираа еминентни имиња од различни области на медицината од голем број земји, како и претставници на  Европска федерација на лекари (FEMS)  и на Постојаниот комитет на европските лекари, д-р Гривчева - Старделова ја презентира темата „The Risk Mаnagement in the Medical Practice“. Конференцијата се организира по четврти пат, а има за цел да ги претстави визиите и иновативните пристапи за различни актуелни теми и прашања од областа на медицината и здравјето.

             Овој најголем стручен медицински собир во соседна Бугарија, годинава беше фокусиран на  две главни теми – „Управување со ризикот во медицинската практика - компликации, пропусти и неуспеси“ и „Итност - навременост, достапност и квалитет, како превенција за медицински пропусти“. Пред повеќе од 300 доктори и претставници на различни медицински асоцијации беа презентирани и стратешки студии, идеи и пристапи базирани на медицински факти и достигнувања од областа на хирургија, кардиохирургија, ендокринологија, неврологија, токсикологија и др.

             „Уверен сум дека низ размената на ставовите и искуствата ги збогативме нашите научни и практични знаења како предуслов за јакнењето на довербата  кон лекарите“, истакна д-р Венцислав Грозев, претседателот на БМА.  



Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Пријава за осигурување
на професионална одговорност
Спортски секции
Поволности за лекари
Нудиме – бараме
Анкетен прашалник
 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3