пребарување
Се вчитува...
   
 

Комората најостро го осудува нападот на докторот во Општа болница Кочани

18.04.2018

Лекарската комора на Македонија најостро го осудува вчерашниот инцидент во Општа болница - Кочани и бара целосно расветлување на случајот и адекватно санкционирање на напаѓачот на доктор на неговото работно место во моментот кога тој посветен на својата професија се грижи за пациентите.

Со оглед на зачестеноста на појавите на вербални и физички напади на докторите на нивните работни места, Комората апелира здравствените власти и раководителите на здравствените установи да преземат дополнителни мерки и активности, посебно за дежурните служби и во ноќните часови, со кои на докторите ќе им се обезбеди соодветна заштита и услови за нормална работа.
Комората смета дека насилството над докторите не смее да се толерира, а во таа насока минатата година започна кампањата " Стоп за насилството во здравството" која се реализира како заедничка активност на коморите од областа на здравството, Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Република Македонија и Министерството за здравство.

Комората смета дека плановите за спречување на насилството врз докторите на медицина и стоматологија, фармацевтите, медицинските сестри, техничари, акушерки и другите здравствени работници мора да се изработуваат на национално ниво, но и во здравствени установи, додека инцидентите на насилство мора да бидат документирани преку систем кој ќе биде обезбеден од страна на владата и здравствените установи.

Заложбата на Комората е за јасна и транспарентна акција која нема никаква толеранција за насилство насочено против лицата кои даваат здравствени услуги, а тоа, мора да се воведе на сите нивоа во секторот на здравствена заштита и јавно да се поддржува.



Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Пријава за осигурување
на професионална одговорност
Спортски секции
Поволности за лекари
Нудиме – бараме
Анкетен прашалник
 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3