пребарување
Се вчитува...
   
 

Поповолни финансиски услови за акредитација на стручни активности

29.01.2018

Врз основа на Статутот на Лекарската комора на Македонија, Извршниот одбор на Комората на седницата одржана на 25.01.2018 година донесе Одлука за измена и дополнување на одлуката за висината на трошоците за одобрување и категоризација на стручните активности со кои се овозможуваат поповолни финансиски услови за нивно организирање. Со оваа измена се коригира висината на трошоците што организаторот на стручната активност треба да ги намири за одобрување и акредитација на стручната активност:

• Курс/ симпозиум/работилница/школа:

Прва категорија: 250 евра во денарска противвредност (досегашна обврска 400 евра)
Втора категорија: 200 евра во денарска противвредност (досегашна обврска 250 евра)

• Конгрес: 350 евра во денарска противвредност (досегашна обврска 500 евра)

• Предавања (повеќе од еден академски час):

200 евра ( во денарска противвредност) за 1 настан
300 евра ( во денарска противвредност) за 2 настана
400 евра ( во денарска противвредност) за 3 настани

• Стручен состанок, предавање (еден академски час):

150 евра ( во денарска противвредност) за 1 настан
250 евра ( во денарска противвредност) за 2 настана
300 евра ( во денарска противвредност) за 3 настани

Оваа Одлука ќе се применува од 25.01.2018 година.
Одлуката има за цел да ги мотивира професионалните здруженија, асоцијации, установи и институции да организираат и реализираат повеќе стручни активности кои се во функција на континуираната медицинска едукација на докторите и нивна стручна надградба, а со неа се прави конкретен чекор со кој се намалуваат финансиските трошоци како една од евентулните пречки во нивното организирање.

акредитирани стручни активности

Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Пријава за осигурување
на професионална одговорност
Спортски секции
Поволности за лекари
Нудиме – бараме
Анкетен прашалник
 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3