пребарување
Се вчитува...
   
 

Повик за набавка на информатичка опрема

22.12.2017


ЛЕКАРСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА, има потреба за софтверска апликација за коморско работење, детално опишана во документацијата за набавка.

Интегрираниот информативен систем е составен од повеќе модули наведени во продолжение .

1.    Полагање на стручен испит

  • Модул за автоматско генерирање тестови согласно правилникот на лекарска комора.
  • Модул за автоматска пресметка од исходот на полагањето.

 

2.    Регистар / Евиденција на лекари

  • Модул за пробна работа
  • Модул за регистрација на лекари
  • Модул за уплати (можност за on-line плаќање)

 

3.    Портал за лекари

  • Досие на лекари
  • Барање за ажурирање на податоци
  • Аплицирање за стручен испит
  • Барање за обнова на лиценца
  • Барање за регистрација

 

4.    Репортинг модул

5.    Архива

6.    Документ Менаџмент Систем

7.    Нотификации

  • (email)праќање на пораки до одредена група на корисници
  • (in-system)преглед на пораките на портал
  • Аларм за истекување на лиценца

 

8.    Барање за отсаство

9.    Акредитации

  • Модул за евиденција на акредитирани настани
  • Модул за преглед на евидентирани настани
  • Модул за автоматско генерирање на бодови во зависност од акредитираниот настан

 

10.  Миграција

  • Префрлање на комплетните податоци од стариот во новиот систем

 

11.  Персонална администрација

12.  Платформа

  • Sharepoint2013
  • .Net 4.5
  • Sqlserver 2012             

 

Еден хардверски уред за евиденција и акредитација на членови – со поддршка за 30.000 корисници (мобилна верзија со поддршка за верификација со магнетна картичка / лозинка или комбинација од двете) 2.000 бесконтактни индуктивни картички со принтано лого.           

Софтверско поврзување помеѓу апликативниот софтвер и хардверскиот систем за евиденција и акредитација на членови.  

За учество во постапката за склучување на договор за купопродажба, продавачите - понудувачите мора да исполнат следните критериуми: 

Рок и место на испорака

Носителот на набавката е должен да го испорача предметот на договорот во рок од 45 дена од денот по примената писмена нарачка а по потпишување на договорот во просториите на Комората. Рокот и местото на испорака се задолжителни. Секоја понуда која содржи рок и место на испорака поинаков од тие утврдени во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки. 

Начин на плаќање

Се предвидува следниов начин на плаќање: Се предвидува Авансна уплата во висина од 30% од вредноста на договорот веднаш по потпишување на договор за испорака со рок од 30 дена по доставена фактура, 40% по првична испорака на предметот на договор  со рок од 30 дена по доставена фактура и 30% од вредноста на договорот по целосна извршена испорака на предметот на договор со рок од 30 дена по доставена фактура. Да се достави понуда цена со вклучен изворен код и без вклучен изворен код.Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од оној утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки. 

Техничка или професионална способност

За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата техничка или професионална способност, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови:

  • Најмалку една испорака на систем од иста или слична природа кој ги има минимум модулите наведени во техничкиот опис и опслужува минимум 2.000 корисници, извршени во последните 3 години, со вредности, датуми, купувачи (договорни органи или економски оператори), со обезбедување на потврда за извршени испораки издадени од примателите или, доколку такви потврди не можат да се обезбедат од причини вон контрола на економскиот оператор, само со негова изјава за извршени испораки. 
  • Понудувачот да има кај себе вработено најмалку 10 вработени лица.
  • Понудувачот за развој на апликативен софтвер треба да има вработени лица со минимум следните сертификати:

 

o   1 (едно) лице како проект менаџер со работно искуство во водење на развој на апликативен софтвер со најмалку 10 години работно искуство,

o   2 (две) лица за развој на апликативен софтвер кои поседуваат сертификат: Microsoft Certified Technology Specialist: .NET Framework 4, Web Applications,

o   2 (две) лица за развој на апликативен софтвер кои поседуваат сертификат: Microsoft Certified Professional Developer,

o   3 (три) лица за развој и работа со бази на податоци кои поседуваат сертификат: Microsoft Certified Solution Associate: SQL Server 2012,

o   1 (едно) лице за развој на апликативен софтвер на SharePoint платформа кое поседува сертификат: Microsoft Certified Solution Expert: Share Point.

o   1 (едно) лице за развој на веб базиран (web based) апликативен софтвер кое поседува сертификат: Microsoft Certified Solutions Developer: Web Applications 

Способност за вршење на професионална дејност

За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.Задолжителна обука на корисникот од 30 и волшебник за веб апликацијата. 

Економска и Финансиска состојба

За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата економска и финансиска состојба, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови:

  • Годишен вкупен приход од најмалку 30.000.000,00 денари, за секоја година поединечно. 

 

Стандарди за системи за квалитет 

За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на стандардите за системи на квалитет, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве стандарди:

  • Стандард за систем за квалитет ИСО 9001:2015 или еквивалентно 

 

Гаранција за учество 

Како дел од понудата економскиот оператор задолжително обезбедува гаранција на понудата (гаранција за учество) во износ од најмалку 10% од вкупната вредност на понудата без вклучен ДДВ.  

Рок на важење на понудата изнесува 30 дена.

Понудите треба да се достават најдоцна до 03.01.2018 година до 12.00 часот во архивата на Лекарска комора на Македонија, на адреса: 

Лекарска комора на Македонија, ул. "Булевар Партизански одреди" број 3, Скопје.Понудите што ќе се достават, односно пристигнат по истекот на крајниот рок за доставување, ќе бидат прогласени за задоцнети и истите ќе се отфрлат. 


Документацијата за интегрираниот информативен систем по овој повик може да се подигне во Лекарската комора на Македонија, ул.Булевар Партизански одреди, бр.3 Скопје

Телефон за контакт: 02 3239-060 и 02 3124-066 Факс: 02 3239-060/лок.102

Електронски адреси: lkm@lkm.org.mk; 

акредитирани стручни активности

Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Пријава за осигурување
на професионална одговорност
Спортски секции
Поволности за лекари
Нудиме – бараме
Анкетен прашалник
 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3