пребарување
Се вчитува...
   
 

Конкурс за испитувачи (дополнителен)

11.12.2017  
  1. Лекарската комора на Македонија го спроведува стручниот испит на здравствени работници со високо образование за добивање на лиценца за работа. Согласно Правилникот за стручниот испит на докторите на медицина и за издавање на основна лиценца за спроведување на стручниот испит се формираат комисии. За таа цел, Комората потребно е да оформи список за испитувачи од кој се формираат комисии пред кои докторите на медицина го полагаат стручниот испит. Списокот за акредитирани испитувачи потребно е да биде составен од следните области на медицината: примарна здравствена заштита, педијатрија, хирургија, интерна и гинекологија и акушерство. Акредитацијата на испитувачите трае две години.
            Критериуми што треба да ги исполнат докторите – испитувачи за полагање на стручниот испит се:
  • Лиценца за работа издадена од Лекарската комора на Македонија;
  • Доказ за тимска работа - приложена потврда за учество во:
        - проекти;
- стручни /или научни колегиуми, односно одбори во институции или 
- зруженија, одбори на конгреси, симпозиуми и други форми на стручно или научно      усовршување;  
  • Доказ за искуство во настава и/или оценување. 
 При рангирањето на кандидатите во предвид ќе се земе работното искуство во дејноста за којашто имаат лиценца за работа  и публицистичка дејност.   

2. Во составот на комисиите покрај докторите на медицина членови се и правници.
  За таа цел Комората акредитира правници членови на испитните комисии  и оформува список на правници - испитувачи.
Најмалку пет години работно искуство во областа на здравството е услов кој треба да го исполни правникот за член во испитната комисија  за полагање на стручен испит за докторите на медицина.
Потврда за работа во здравството издадена од здравствена установа  или  организации од областа на здравството (Министерство за здравство, Mедицински факултет, МАНУ и слично) е документ со кој се потврдува дека правникот има работно искуство во областа на здравството.
 
             3. За спроведување на стручниот испит за докторите на медицина за добивање на лиценца за работа, поточно за реализација на практичниот дел од испитот - проверка на практични вештини потребно е да се обезбедат здравствени установи од примарна здравствена заштита. За таа цел Комората акредитира здравствени установи каде што во испитните сесии за полагање на стручен испит на докторите на медицина ќе го полагаат практичниот дел од  испитот.
            Здравствените установи од примарна здравствена заштита треба да   имаат просторни услови и медицинска опрема утврдени со Правилникот за потребен простор, опрема и стручен кадар за основање, почнување со работа и вршење на здравствена дејност во здравствени установи.             
Дозволата за работа издадена од Министерството за здравство е документ со кој се утврдува дека здравствената установа ги исполнила просторните услови и медицинската опрема за вршење на примарна здравствена заштита и Договор за извршување и плаќање услуги потпишан со ФЗОМ.             

Со оглед на тоа што спроведувањето на стручниот испит на докторите на медицина е во Лекарската комора на Македонија во Скопје, право да конкурираат имаат здравствените установи од примарна здравствена заштита на територија на град Скопје. 
            
Наведените документи треба да се достават до Лекарската комора на Република Македонија до 31јануари 2018 година на адреса Бул. Партизански одреди бр.3 Скопје.

             Напомена: Испитувачите акредитирани  со претходниот конкурс  не треба да конкурираат, бидејќи нивната акредитација за испитувачи е со важност до септември 2019 година.  
 


акредитирани стручни активности

Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Меѓународни конгреси, симпозиуми, работилници...
Пријава за осигурување
на професионална одговорност
Спортски секции
Поволности за лекари
Нудиме – бараме
Анкетен прашалник
 
Лекарска комора на Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066
developed by Медиум 3